Според "Auto, Motor und Sport"

Трета година по ред ŠKODA Octavia е на првото место

Читателите на автомобилскиот магазин "Auto, Motor und Sport" ја одбраа ŠKODA Octavia за најдобар автомобил од увоз во компактната класа и тоа трета година по ред. Со вкупно 18,1% освоени гласови, бестселерот на Škoda ја победи силната  меѓународната конкуренција.



Изборот за најдобри автомобили за 2016 година според читателите на популарното списание е специјална награда за нас. Тоа се луѓето за кои ние развивме и произведуваме автомобили. Три последователни награди, се доказ дека Octavia е на вистинскиот пат. Награда „Најдобар Автомобил за 2016 година“ е признание за огромната посветеност на целиот ŠKODA тим. Тие работеа напорно на новата Octavia со цел да создадат посебен автомобил ", изјави извршниот директор на ŠKODAБернхард Маер.

Во 2015 година во светски рамки кон клиентите беа испорачани повеќе од 430.000 автомобили ŠKODA Octavia. Со таа бројка забележан е раст од 11,1% во однос на претходната година. Речиси 58.000 од нив беа ново регистрирани во Германија. 

По лансирањето на пазарот на ŠKODA Octavia RS 4 × 4 во ноември минатата година, во моментов од моделот се произведуваат вкупно 13 варијанти и сите се достапни на светските пазари. Од Економичната ŠKODA Octavia GreenLine прекуSkoda Octavia 4 × 4 до најбрзата ŠKODA Octavia на сите времиња - Octavia RS 230.

Оваа година се одбележува 40-тото доделување на наградите според анкетата која ја спроведува реномираниот магазин "Auto, Motor und Sport“, на која читателите гласаат за најдобрите автомобили. Читателите избираа помеѓу вкупно 364 модели во единаесет категории. Со 18,1% освоени гласови ŠKODA Octavia триумфираше во категоријата компактни автомобили од увоз. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе