Ракометарите на Вардар синоќа го совладаа тимот на украинскиот тик на Мотор од Запорожје со 32:27 во 5. коло од регионалната СЕХА лига.
Црвено-црните ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“. Највисокото водство на вардарци изнесуваше 7 гола разлика (31:24).
Најефикасен во победничкиот состав беше Анте Гаџа со 8 погодоци, додека Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски постигнаа по 6.
Мотор е лидер во Б групата со 3 победи и 1 пораз, Нексе и Вардар имаат по 3 победи и 2 загубени натпревари, а Војводина е последна со 4 загубени.