Македонија

Трета жртва од коронавирусот, почина 66-годишна жена од Дебар

25. март 2020 - 16:23 | Кајгана/МИА

Пациентката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина почина пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека починатата пациентка била на 66-годишна возраст и оти во историјата имала податок дека прима хронична терапија за хипертензија.

Таа и нејзиниот сопруг беа дијагностицирани позитивни на коронавирус на 6 март. Тие во земјава допатувале од Италија. Првично беа во стабилна состојба, но потоа на жената и се влоши здравствената состојба и беше поставена на респиратор.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 денеска до 12:00 часот изнесува 177 лица.

Во тек се новинарските прашања упатени до министерот за актуелната состојба со коронавирусот во земјава.

 

Коментирај