Вакцината против коронавирусот SARS-CoV-2, развиена од Сојузниот научен центар за истражување и развој на имунолошки препарати „Чумаков“, би можела да биде јавно достапна во март, изјави директорот Константин Чернов.
Тој за телевизија Русија 1 изјави дека Центарот ја завршува втората фаза на клинички испитувања на нови вакцини и ефикасноста се испитува на волонтери, пренесе Sputnik.
Чернов изрази надеж дека новата вакцина ќе биде најкомплексна.
„Досега во вирусот се пронајдени повеќе од 50 различни протеини. Кога во телото ќе претставиме цел спектар на сè што таму се наоѓа, очекуваме нашата заштита дека ќе биде сеопфатна“, изјави Чернов.
Центарот Чумаков на 25 септември минатата година доби дозвола од Министерството за здравство на Русија за клинички испитувања на вакцината.