Трето европско жариште на COVID-19: Над 52.000 заболени и 3.500 смртни случаи

Најновите податоци за состојбата со пандемијата на COVID-19 покажуваат дека досега се регистрирани 877.041 лице заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 43.541, а оздравеле 185.065 луѓе.

Во Франција вчера беше регистриран црн рекорд – починаа најмногу заболени од коронавирусот во еден ден, дури 499, соопштија здравствените служби.

Планирано е пациентите кои се во критична состојба од Париз да се префрлаат во полесно погодените региони.

Според податоците на порталот Worldometers, во Франција има 52.128 случаи на заболени, од кои 3.523 починале што значи дека е трета земја во Европа по број на смртни случаи од COVID-19, а четврта во светот, по Италија, Шпанија и САД. Вкупно 9.444 пациенти во Франција оздравеле.

Веќе три дена со ред бројот на заболени во Франција расте, иако властите во оваа земја три недели се обидуваат да го спречат ширењето на вирусот. За само 24 часа меѓу понеделникот и вторникот бројот на заразени се зголеми за 17%, а порасна и бројот на починати.

Загрижувачки е фактот дека засега познатата бројка на починати од COVID-19 во Франција се состои само од случаите регистрирани во болниците и се очекува да се зголеми кога ќе се додадат и починатите од болеста во пензионерските и старечките домови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе