Трето семејство влегува во свој нов дом, добиен на инстант лоз на Државна лотарија

Со радост споделуваме дека клучевите од третиот стан од инстант лозот „Доме, сладок доме“ ги предадовме на Рајне и Никола Лазаревски од Скопје.

За само 100 денари, четиричлено семејство ќе влезе во својот нов дом „изгребан“ на инстант лозот Доме, сладок доме. Станот со големина од 41,7 квадрати и подрум. Добивката изнесува вкупно 3.372.883 денари, со сите платени давачки.

Брачниот пар Лазаревски,од скопската населба Косела Вода, со возбуда го разгледуваа својот нов стан, раскажувајќи ни ја среќната приказна. Имено, Никола заради работните обврски секојдневно патува низ државата. Патувајќи во различни градови тој од секој град се враќал дома со по неколку инстант лозови. Сепак, среќата била блиску до него, бидејќи ја пронашол во својата населба - Кисела Вода, на продажното место „АН-ДАР Компани“.

Никола купил два лоза - „Златна рипка“ и „Доме, сладок доме“, но не ги изгребал на продажното место, туку ги понел дома за да ги изгребаат заедно со сопругата. Никола и Рајне, во навидум обичниот ден, и не помислувале дека ќе изгребат добитен број со што наскоро ќе станат сопственици на стан во една од најубавите згради во Скопје, во атрактивно соседство, за само 100 денари.

„Едноставно не ни се веруваше во тоа што го гледаме, не заспавме цела ноќ. Нестрпливи бевме да отидеме во просториите на Државна лотарија за да ни ја потврдат добивката и да се увериме дека ова не е сон“, ни раскажа Рајне, не криејќи ја својата возбуда.

Откако го потпишаа договорот и ја подготвивме комплетната документација, Никола, Рајне и дечињата го видоа својот нов сладок дом кој се наоѓа во среќната зграда на улица „Методија Шаторов Шарло“, во населба Аеродром.

Државна лотарија им посакува многу среќа во новиот дом, а ние ќе ги чекаме следните добитници, бидејќи има уште два стана.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе