Тревникот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје изгледа совршено во пресрет на квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Италија.

Македонската фудбалска репрезентација конечно на домашен терен ќе игра во одлични услови. Замената на тревникот иницирана од ФФМ на прв поглед изгледа перфектно. Се работи за комбинација од 70% вештачка трева и 30% природна чија исталација траеше речиси два месеца.
Откако Македонија ја пречека Италија на крајно лош терен на почетокот од септември. стадионот се затвори и се започна со менување на подлогата. За утрешниот дуел со Англија сѐ е подготвено, останува уште да видиме како сето тоа ќе изгледа на дело.
Се надеваме дека хибридната трева ќе се покаже одлична и дека конечно Арената ќе има тревник кој ќе трае со години. Во Македонија, поради различните временски услови природна трева во многу наврати и на многу стадиони се покажа дека е неодржливо решение.

По репрезентативниот прозорец се очекува и Работнички и Вардар да се вратат како домаќини на Арената, која е и нивен дом.
