Трезеге: Мбапе е вистинскиот наследник на Меси и Роналдо

Поранешната ѕвезда на францускиот фудбал е уверен дека неговиот млад сонародник во иднина ќе стане најдобриот фудбалер на светот.

Според Давид Трезеге, Килјан Мбапе е вистинскиот наследник на Лео Меси и Кристијано Роналдо, најдобрите фудбалери во изминатите речиси дваесетина години.

„Тој е на вистинската патека. Сам успеа да се постави како вистински наследник на Меси и Роналдо. Со неговите перформанси тој има најголеми шанси да го преземе нивниот примат“, смета Трезеге во изјава за Le Parisien.

Младиот Французин според зборовите на некогашната ѕвезда дефинитивно еден ден ќе ја освои Златната топка и тоа веројатно во повеќе наврати, како што правеа Роналдо и Меси.

„Морам да признаам дека тој секогаш ме воодушевува. Големите натпревари им припаѓаат на големите играчи. Не го велам ова тривијално. Килјан уште еднаш ја покажа својата брилијантност. Тоа е одлика на велемајсторите“, вели Трезеге алудирајќи на неговиот настап завчера против Баерн во Лигата на шампионите кога со два гола среде Минхен му донесе победа на својот ПСЖ.

„Многу помотивиран е на ваквите важни натпревари од високо ниво. Веќе имавме видено вакво нешто против Браселона. Тој остава впечаток на леснотија. Силен е и физички и во својата глава“, додава поранешниот голгетер.

„Кога се очекува од него, тој одговара. Понекогаш тоа не се приметува лесно во Лиг 1, иако неговата статистика исто така зборува за неговите дела“.

Сега 43-годишниот Трезеге кариерата ја заврши во 2014 година, а претходно 10 години настапуваше за Јувентус. Играше и за Платенсе, Монако, Еркулес, Банијас, Ривер Плејт, Њуел'с Олд Бојс и Сент Роч'с.

Со репрезентацијата на Франција стана светски шампион во 1998 година и европски шампион во 2000, а постигна вкупно 34 голови на 71 натпревар.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе