Три апликации измамија 20 милиони луѓе – дали наседнавте и вие?

Најнов извештај откри три апликации кои ги измамиле нивните корисници и им сервирале куп реклами.

Сите сакаме да најдеме брз и лесен начин да заработиме пари на страна. Дури и ако таквата заработка вклучува некоја здрава активност, тогаш тоа е полн погодок. Сепак, изреката „ако звучи премногу добро за да биде вистина, веројатно не е“ постои со причина, а најдобар пример за тоа е најновиот извештај кој откри нов вид на апликации за измама кои тврдат дека корисниците можат да заработат пари со завршување на различни цели, но до наградите е речиси невозможно да се дојде.

Во извештајот објавен од креаторот на Dr.WEB, креаторот на софтверот за отстранување вируси, постојат три такви апликации на Google Play Store кои се преземени повеќе од 20 милиони пати:

Lucky Step-Walking Tracker - над 10 милиони преземања

WalkingJoy - над 5 милиони преземања

Lucky Habit: health tracker - над 5 милиони преземања

Сите три апликации работат на истиот принцип, им доделуваат им на корисниците виртуелна валута за извршување на одредени задачи како што се пешачење одредено растојание или стекнување здрави навики, а овие валути подоцна може да се заменат за вистински пари. Доколку корисниците сакаат да ги избегнат задачите, имаат можност да гледаат реклами.

„За да се започне процесот на повлекување на она што го ‘заработиле’, корисниците морале да соберат значителен број награди. Доколку успеале во тоа, апликацијата дополнително барала од нив да гледаат десетици рекламни видеа. Исто така им било понудено да го забрзаат процесот на повлекување со гледање повеќе реклами. Сепак, апликациите честопати немаат потврдено ниту една од информациите за плаќање обезбедени од корисниците, така што шансите овие апликации да ги исплатата ветените пари се исклучително мали“, објаснува Dr.WEB во својот извештај.

Од трите наведени апликации, само Lucky Habit: health tracker сè уште е достапна на Google Play Store во моментов, но не се сомневаме дека Google ќе ја отстрани наскоро. Ако сте инсталирале некоја од овие апликации, ве советуваме да ги отстраните од вашиот уред.

Наш совет е да размислите двапати пред да преземете дури и безопасни апликации. Ако се сомневате дека некоја апликација е злонамерна, верувајте ѝ на интуицијата, бидејќи најверојатно е.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе