Три автоматски менувачи кои треба да ги одбегнете

Автоматските менувачи полека почнуваат да го земаат приматот  - стануваат сѐ попопуларни бидејќи овоможуваат повеќе да се фокусирате на патот и исто така го олеснуваат движењето во сѐ поголемиот градски сообраќаен метеж.

Меѓутоа, клучен спорен момент кај автоматиците сѐ уште е издржливоста – без разлика на значителниот напредок во однос на изминатите децении.

Поради сложениот систем на функционирање, значително се почувствителни и со самото тоа поскапи за одржување од стандардните рачни менувачи.

Меѓутоа, како и во секој друг сегмент од животот, има добри модели и оние кои треба да ги одбегнете во широк лак.

Моментално, статусот најлош автоматик на пазарот го носи DP0/AL4 на групацијата Renault-Nissan. Француско-јапонската алијанса овој автоматик го користи во поевтините модели како Dacia Logan и Sandero. Меѓутоа, присутен е и во модели на други француски производители, како Peugeot 308 и Citroen C4.

На второ место на оваа неславна листа е првата серија на роботизираниот менувач на Volkswagen под ознаката DSG DQ200.

„Победничката“ тројка ја заокружува менувачот JATCO, познат и како JF011E, кој е застапен во crossover моделите на Nissan - Juke, Qashqai и X-Trail. За него карактеристично е дека по 50.000 поминати километри почнува да појавува зуење.

Секако, без разлика каков менуваач ќе одберете, внимателното ракување и редовното одржување се клучни за неговата функционалност и долговечност, како и за секој друг потрошен сегмент во автомобилот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе