Три чекори до послаби и затегнати нозе
Никогаш не е доцна да почнете да работите на себе. Состојбата на нозете и мускулатурата е од особена важност за вашиот изглед.
Во новото видео на YouTube каналот Gravity Transformation - Fat Loss Experts ќе ви покажат како да се ослободите од непотребното сало на нозете и бедрата.
За разлика од мажите, жените имаат поголем проблем со таложење на непотребни маснотии на нозете и бедрата, најчесто поради зголеменото ниво на естроген во телото, а ова предизвикува проблеми со здравјето, создавање на целулит и деформирање на телото.
Првиот чекор е да се фокусирате на вежби за целото тело, не само на вежби за нозете - грешка која ја прават многумина. Секако, исхраната секогаш има главна улога во процесот на слабеење. Погледнете го видеото.