Хроника

Три деца повредени во две сообраќајки во Скопје

20. април 2019 - 11:52 | МИА

Вчера во 17:35 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“, управувано од А.М.(37) од Скопје и патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(32) од Скопје.

По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „Пежо 307“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош.

Додека, кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Вчера во 19 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(46) од село Сингелиќ, скопско, удрило во шестгодишно дете од село Сингелиќ, кое се здобило со тешки телесни повреди и со друго возило било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коментирај