Три хороскопски знаци на кои љубомората им е најголема маана

Сите понекогаш сме го почувствувале „зеленоокото чудовиште“ и нѐ има обземено необјаснив страв дека може да ја изгубиме саканата личност.

Љубомората може да биде испровоцирана и оправдана, но најчесто е одраз на нашата сопствена несигурност во себе, во партнерот и/или во врската.

Некои од нас ја чувствуваат почесто, некои поретко, но припадниците на овие три хороскопски знаци се апсолутни шампиони во љубомора.

Ова кај нив прераснува и во опсесија и може да биде најголемата маана кај нив кога станува збор за љубовни врски.

ЈАРЕЦ

Иако другите два знаци се значително повеќе склони кон љубомора, има причина зошто Јарците се на овој незавиден список. Тие се традиционални и по малку конзервативни, па мали отскокнувања од „нормалата“ може кај нив да предизвикаат бурна реакција. Не ја покажуваат секогаш љубомората бидејќи сакаат да остават впечаток на современи и либерални партнери, но тоа не значи дека не ја чувствуваат. Ако љубомората е поттикната од внимание на саканата личност кон некого поради карактеристика за која тие се чувствуваат несигурни во себе, тогаш не можат да ја сокријат. Јарците се многу верни и не простуваат неверство, дури ни помислата за неверство.

СКОРПИЈА

Скорпиите се многу посесивни личности и во љубовните и во пријателските врски. Кога ќе најдат добар пријател или кога ќе се заљубат, сакаат да поминуваат многу време со таа личност и се љубоморни на сѐ и на сите што ќе застане меѓу нив. Многу се песимистично настроени и дозволуваат најцрните сценарија да завладеат со нив. Кога се обземени од љубомора се однесуваат како мали деца на кои им е земена омилената играчка и нема да се повлечат додека не биде по нивно.

БЛИЗНАЦИ

Иако се доживуваат како позитивни и отворени личности, Близнаците го држат престолот во царството на љубомората. Кај нив љубомората најчесто е во форма на завист кон луѓе за кои сметаат дека не го заслужуваат она што го имаат, односно сметаат дека тоа треба да им припадне ним. Љубомората кон партнерите скоро секогаш има врска со самите нив, а не со саканата личност, бидејќи се многу несигурни. За среќа, нивната интелигенција не им дозволува да имаат отворени и јавни изблици на љубомора. Кога се пријателствата во прашање, поради љубомора може едноставно да ги снема од вашиот живот бидејќи нема да сакаат да трошат енергија на објаснување.

реклама

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more

Која храна е најштетна за цревата?

Read more

Колку соларни панели му се потребни на едно домаќинство?

Read more

Девојката која се изживуваше врз животни во ЗОО Скопје уште не се извинила, не ѝ бега пријава во полиција

Read more

Љубов и секс

Колку секс е нормално во врската и во бракот?

Read more

Пет совети како да ја вратите акцијата во сексуалниот живот

Read more

Пет особини кај партнерот кои никогаш не може да ги смените

Read more

Љубовен хороскоп: Идеални партнери за родените во знакот Скорпија

Read more
 

Магазин

  • filter

Најновиот моден хит на Bottega Veneta е ремен/корсет од 2.500 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Девојката која се изживуваше врз животни во ЗОО Скопје уште не се извинила, не ѝ бега пријава во полиција

Читај повеќе

Што се случува кога ви кркори стомакот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот аквариум во светот: 68.000 морски животни во 25 милиони литри вода

Читај повеќе

Која е врската помеѓу психопатите и проѕевањето?

Читај повеќе

Шпанка го лажирала сопственото киднапирање, па играла бинго со парите од откупот

Читај повеќе

Идеја за брз ручек: Паста со сланина

Читај повеќе

20 најдобри градови за семеен одмор

Читај повеќе

Петте најсрамежливи знаци во Зодијакот

Читај повеќе