Три медицински сестри од ГАК позитивни на COVID-19, а доктор и директорката се во самоизолација

Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на COVID-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.

Ова за МИА денеска го потврди директорката Јовановска, која рече дека трите медицинските сестри се заразиле преку контакт од надвор, односно семеен контакт, а не на Клиниката.

– Ние двајцата доктори сме во самоизолација, не сме со решение, туку сме во самоизолација поради тоа што во семејствата имаме повеќе од тројца заболени. Се тестиравме и јас и докторот сме негативни. Мајка ми, сестра ми и внучето ми се позитивни и уште две внучиња од сестра ми се позитивни. Јас не сум имала контакт со медицинските сестри. И членови на семејството на лекарот исто така се позитивни. Поради тоа сме во самоизолација, посочи д-р Јовановска.

Додаде дека на Клиниката сите ги почитуваат протоколите за носење лична заштитна опрема.

– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, додаде д-р Јовановска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе