Три најчести грешки што ги правиме кога вариме тестенини

Преварените или лепливи тестенини се кулинарска катастрофа што не може да се спаси ни со најубавиот сос. Затоа е добро да знаете неколку трикови што ќе ви помогнат во кујната.

Ретко кој не сака тестенини, а покрај тоа што се вкусен оброк со безброј варијанти за сечиј вкус, исто така се брзи за готвење и не бараат огромна кулинарска умешност. Сепак, има неколку грешки што луѓето ги прават при варењето на тестенините што може да го уништат јадењето.

Прво од основните правила за добро сварени, но не преварени тестенини е добар сооднос на вода и тестенини, како и доволно големо тенџере за да може содржината рамномерно да се свари. Добро познато правило е дека треба да ставите сол во водата пред да ги ставите тестенините и да пробате дали е доволно солена.

Второ - одбегнувајте го стариот трик со маслото. Мит е дека треба да ставите масло во водата за варење за да не се залепат тестенините на дното. Тоа само ќе придонесе да не се врзе убаво сосот со тестенините. Подобра опција е почесто да ги мешате во текот на варењето, а тоа значи и дека треба да имате доволно количество на вода во тенџерето. Без разлика на упатството за употреба, најсигурен начин  за да знаете дали се готови тестенините е да ги пробате, бидејќи ако се преварат, враќање нема.

Третата најчеста грешка е измивањето на тестенините по варењето со ладна вода. Тоа е сосема непотребно бидејќи на тој начин само го отстранувате тенкиот слој скроб на површината што помага подобро да се врзат тестенините за сосот.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе