Ако размислувате да ја држите познатата кето диета која се темели на намален внес на јаглехидрати, а зголемена количина на масти, мора да знаете дека постојат некои нуспојави кои се појавуваат во првите денови или недели.
Кето грип
Кето грип е најчеста нуспојава, посебно кај луѓе кои консумираат многу јаглехидрати. Се јавува кога ќе се исцрпат залихите на јаглехидрати и телото мора да сфати како ќе ја црпе енергијата од залихата на масти.
Кето грипот се одликува со главоболка, болки во зглобовите и мускулите, летаргичност и намалена енергија.
Добра вест е што оваа фаза трае највеќе неколку недели. Меѓутоа, можете да превенирате со внес на течности, солена храна и здрави масти, посебно од авокадо.
Запек
Луѓето се жалат на проблеми со варењето, поготово запек. Може да го спречите така што ќе јадете зеленчук со секој оброк, внесувате многу вода и додавате магнезиум и пробиотици во вашата исхрана.
Лош здив
Лошиот здив е индикатор дека вашето тело е во состојба на кетоза. Што повеќе масти согорувате, толку повеќе вашиот здив ќе мириса на ацетон.
Исклучително е важна добрата орална хигиена, а може да користите и гуми за џвакање.