Три најлоши опции за појадок кои го зголемуваат нивото на кортизол

Кога станува збор за зголемување на телесната тежина, многу фактори, вклучително и хормоните на стрес како кортизол, може да придонесат.

Надбубрежните жлезди произведуваат кортизол, кој помага да се контролира нивото на енергија и метаболизмот. Сепак, високото ниво на кортизол може да доведе до прекумерно складирање на маснотии, особено околу половината. Тоа е уште поизразено кога се предизвикани од лоши навики во исхраната.

Она што го јадеме за појадок може значително да влијае на тоа како се чувствуваме и изгледаме. Ненадејните скокови на шеќерот во крвта често се случуваат по конзумирање на „празни калории“ од утринската храна, како што се колачи, слатки житарици и рафинирани јаглехидрати. Како резултат на тоа, телото ослободува повеќе кортизол во обид да го стабилизира нивото на гликоза во крвта, што може да доведе до зголемување на телесната тежина.

Диететичарката Кетрин Гервасио предупреди на три опции за појадок кои може да го зголемат нивото на кортизол и да придонесат за зголемување на телесната тежина.

Кроасани

Кроасаните се омиленото пециво на многу луѓе, но нивната висока содржина на рафинирано брашно, шеќер и лоши масти може да го подигне нивото на кортизол и да доведе до зголемување на телесната тежина.

По консумирањето, овие состојки брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, а телото ослободува инсулин за да го контролира овој брз пораст.

„Тие се богати со рафинирани шеќери и масти, кои можат да предизвикаат промени во нивото на гликоза во крвта. Овие промени создаваат стрес во телото, предизвикувајќи ги надбубрежните жлезди да ослободуваат повеќе кортизол. Зголемениот кортизол го забавува метаболизмот и ја зголемува желбата за слатка и масна храна. што може да доведе до прејадување и зголемување на телесната тежина“, објаснува Гервасио за SheFinds.

Бел леб со џем

И белиот леб и џемот се богати со рафинирани шеќери и јаглехидрати, кои брзо го зголемуваат нивото на шеќер во крвта после оброк. Телото реагира со ослободување на инсулин за да го намали нивото на шеќер во крвта. Сепак, тој скок на шеќер често е проследен со нагло опаѓање, што предизвикува ослободување на кортизол во обид да се стабилизира енергијата.

Гервасио истакнува: „Белиот леб има висок гликемиски индекс, што доведува до брзо зголемување на нивото на шеќер во крвта. Комбинацијата на рафинирани јаглехидрати и шеќер од џем создава стрес на телото, предизвикувајќи зголемено производство на кортизол. Одговорот на инсулин на оваа количина на шеќерот промовира складирање на маснотии и го зголемува кортизолот, што може да ја зголеми акумулацијата на маснотии, особено во пределот на стомакот“.

Заменете го белиот леб со интегрален леб со зрна, а џемот со путер од кикирики или џем со засладувач како стевиа.

Слатки житарици

Иако житариците често се рекламираат како здрав избор, многу од комерцијалните брендови што ги сакаме всушност содржат многу шеќер и конзерванси.

„Како и другите рафинирани јаглехидрати, слатките зрна го стимулираат ослободувањето на инсулин. Честите скокови на шеќерот во крвта промовираат складирање на маснотии, особено околу стомакот, поради улогата на кортизолот во насочувањето на мастите кон оваа област“, ​​заклучува Гервасио.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Здравје

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Read more

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Read more

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Read more

Онколог предупредува што не треба да јадат жените над 50 години

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Торта Југославија – слатко потсетување на едни добри времиња

Читај повеќе

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Три симптоми кои укажуваат на можни проблеми со црниот дроб

Читај повеќе

Популарен суплемент покажува загрижувачка врска со срцева слабост

Читај повеќе

Што да пиете наутро за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот?

Читај повеќе

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе