Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени

Скопје, 22 јануари 2019 (МИА) – Три нови случаи со мали сипаници (морбили) се регистрирани вчера во Скопје. Станува збор за дете на возраст од една и пол година од населбата Чаир, како и за 10-месечно бебе и петгодишно дете од Центар, кои не биле вакцинирани, информираат од Министерството за здравство.

Со овие три нови случаи, како што посочуваат, од декември, досега, во Скопје се регистрирани 69 заболени од мали сипаници.

– Во моментов 24 пациенти со морбили се сместени на Клиниката за инфективни болести. Крај на епидемијата ќе се прогласи тогаш кога нема да има ниту еден заболен во период од четири недели. Од почетокот на епидемијата на морбили во декември и од почетокот на забраната за примање деца во градинка кои не се вакцинирани со МРП вакцина, досега, се вакцинирани повеќе од 3.400 деца, истакнуваат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, во градинките во Скопје се уште не се примаат невакцинирани деца, а државните здравствени инспектори прават увид на терен за да утврдат дали има градинки што примаат невакцинирани деца, но досега не регистрирале таков случај. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе