Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за МОН

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци, кои пред десет дена ги усвои нивното Генерално собрание, се прифатливи за Министерството за образование и наука, соопшти претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имале со министерот Јетон Шаќири.

Не е прифатливо само барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај за 3 јуни и од МОН им било понудено компромисно решение односно олеснување во бодувањето.

-Поради веќе утврдениот календар за одржување на учебната година, од логистички причини и поради претходен план, не беше прифатено нашето барање екстерниот испит да се помести од 27 мај на 3 јуни. Дополнителна компликација прави и православниот празник Духовден и продолжениот викенд. Но МОН како компромисно решение ни понуди намалување на обемноста на материјалот, што значи интервенција во бројот на поени – ако носи 100 да биде 80, интервенција во перцентилните рангови за оценка и по однос на други модалитети во однос на првиот екстерен испит, рече лидерот на Сојузот на средношколци.

Ова компромисно решение, рече Павиќевиќ, ќе го презентираат денеска на вонредна седница на Генералното собрание на Сојузот и делегатите ќе се произнесат дали го прифаќаат предлогот на МОН.

Нагласи дека Сојузот, сепак успеал, како што рече, за 75 отсто од нивните барања затоа што МОН се согласува да ги исполни останатите три барања.

За МОН е прифатливо барањето Владата да им препорача на универзитетите промена на соодносот на поени од испитите при упис на факултет односно наместо сегашните 24, екстерните да носат 20 поени, а интерните да носат 16 наместо 12 поени и проектната задача 4 поени.

-Второто барање е исто така прифатено - Владата да даде препорака до универзитетите првиот екстерен предмет - Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да биде соодветен на сите универзитети. Освен што е дополнително олеснување на матурантите, претставува и државнички чин зашто се покажува грижа за мајчиниот јазик, рече Павиќевиќ.

Прифатено е и барањето наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот и бројот на прашања во банките да биде три пати поголем од бројот на прашања на испитот.

Покрај Сојузот на средношколци, министерот Шаќири попладнево има средба и со претставници на  ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколци и студенти) - организатор на протестот пред МОН на 17 март, кои, пак, имаат други барања во однос на државната матура  - да се намали обемот на материјалот за полагање на државната матура или, како алтернатива, да се намали бројот на интерни испити.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Read more

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ предлага законски олеснувања за лекување на болните од цистична фиброза

Читај повеќе
  • play_arrow

Трипуновски: Отровен зеленчук е увезен од Албанија во Македонија, Обвинителство да отвори истрага

Читај повеќе

Фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Читај повеќе

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Читај повеќе

ЗНМ: Срамна одлука на Апелациониот суд Скопје на штета на истражувачкото новинарство

Читај повеќе

Ковачевски му ја честита победата на Ердоган

Читај повеќе
  • play_arrow

Нови инциденти во Косово: Полицијата фрли солзавец

Читај повеќе

Цените на нафтата растат втора недела по ред

Читај повеќе

Северна Кореја ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит

Читај повеќе