Три опции како Путин ќе одговори на ограничувањето на цената на нафтата

Русија би можела да одговори на одлуката на Г7 и ЕУ за ограничување на цената на руската нафта со забрана за продажба или највисок дозволен попуст, пишува рускиот деловен весник Vedomosti.

Групата од седум најразвиени земји во светот, ЕУ и Австралија од понеделникот ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари за барел, заканувајќи се со санкции против осигурителите и превозниците кои обезбедуваат услуги за поскапи пратки.

Кремљ и руската влада разгледуваат три можни одговори, вклучително и забрана за продажба на нафта на сите земји кои го поддржаа ограничувањето на цената, пишува весникот Vedomosti, повикувајќи се на два извора блиски до владата.

Би била забранета и директна продажба преку посредници, се наведува во весникот. Втората опција предвидува забрана на извозот врзан со договори кои вклучуваат лимит на цена, за сите дестинации. Според третата опција, извозот на руската нафта од Урал би бил дозволен само со пропишан максимален попуст на меѓународните референтни цени, пишува весникот.

Рускиот вицепремиер Александар Новак во вторникот изјави дека новите прописи за извоз ќе стапат на сила до крајот на годината. Тој претходно изјави дека Русија може да го намали производството на нафта, но не многу.

Bloomberg објави дека Русија исто така размислува да постави најниска дозволена цена на нафтата во меѓународната продажба, според Reuters.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе