Љубов и секс

Три особини кои ве прават привлечни за другите

14. март 2019 - 13:40 | Б.С.Б.

Добриот изглед е важен, но не и најважен за да го привлечете вниманието на потенцијалниот партнер. Подеднакво важни се и личните особини со кои сакате да го привлечете неговото внимание.

Експертите сметаат дека токму овие три карактеристики се привлечни за спротивниот пол:

1. Смисла за хумор

И научниците потврдија дека смислата за хумор е една од најважните работи во врската. Во истражување на Универзитетот во Албени научниците потврдија дека смислата за хумор е на врвот на листата најпривлечни особини.

„Луѓето со добра смисла за хумор се атрактивни партнери и општо уживаат повеќе успеси во пронаоѓањето на партнер“, вели студијата од 2015 година.

2. Самодоверба

Жената која има самодоверба е многу попривлечна од жената која го нема тоа. Мажите покрај себе сакаат жена која е задоволна од својот живот, бидејќи сакаат да бидат дел од тој живот. Истото важи и за мажите.

3. Амбициозност

Жените кои знаат што сакаат во животот и се трудат тоа да го исполнат се многу попривлечни од оние кои немаат некакви амбиции. Истото важи и за мажите, бидејќи никој не сака партнер кој нема цел и соништа во животот.

Коментирај