Три пијалаци кои може да ги пиете дури и кога сте на диета

Б.С.Б.
/ 21.06.2022 / 13:28

Водата е секогаш најдобриот избор за гасење на жедта, но не мора само да пиеме вода додека сме на диета. Постојат пијалаци кои нема да го забават процесот на слабеење бидејќи не содржат премногу калории, а истовремено ќе ве освежат слично како и водата.

Нутриционистите Бил Бредли и Аманда Лејн одвоија три пијалаци кои се најдобрата опција за пиење и освежување додека сте на диета.

1. Зелен чај

Кога зборуваме за здрав напиток кој ќе ја поттикне работата на метаболизмот, зелениот чај е најдобрата опција. Не само што е богат со антиоксиданси и нема калории, изобилува со здрави состојки. Содржи антиоксиданси кои го забрзуваат разградувањето на маснотиите и го забрзуваат метаболизмот. Кофеинот во него ќе ви даде енергија па полесно ќе тренирате.

Содржи и антивоспалителни својства кои помагаат во борбата против канцер.

2. Газирана вода со вкус

Уште една вкусна опција без калории за оние кои се на диета е газираната вода со вкус. Лејн советува токму овој напиток да го одберете ако броите калории бидејќи не ги содржи, а можете да ја носите насекаде со вас. Одлична опција е за оние кои сакаат многу да пијат вода, но во неа им недостига вкус.

Постојат најразлични верзии и вкусови, па нема да имате проблем со тоа.

3. Сок од зеленчук

Ако сакате сокови, наместо овошен одберете сок од зеленчук, особено ако сте на диета.

„За разлика од овошните сокови овој од зеленчук не содржи шеќери и има помалку калории, а е богат со хранливи состојки“, советува Бредли.

Тагови
реклама

Фит

Не е само храната: Што може да ве спречи да изгубите тежина?

Read more

Како кревањето тегови помага да слабеете?

Read more

7 знаци дека најверојатно ви недостасуваат протеини

Read more

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Read more
 

Магазин

Лесен и освежителен десерт: Ролат од јагоди и кокос што се топи в уста

Читај повеќе

Хормонален дисбаланс кај жените: Симптоми што не треба да ги игнорирате

Читај повеќе

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Читај повеќе

Отстранете ги црните дамки од вашата пегла со предмет што веројатно го имате дома

Читај повеќе

Приказна од Венеција: Како настанал зборот банкрот?

Читај повеќе

Додавањето на една состојка во оброците може да ги намали скоковите на шеќерот во крвта

Читај повеќе
  • play_arrow

Стјуардеса откри кој пијалак не го препорачува за консумирање во авион

Читај повеќе

Со една грешка се уништува автентичноста на шпагети болоњезе

Читај повеќе

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Читај повеќе