Три работи кои го откриваат совршениот љубовник

Повеќето жени фантазираат за совршен љубовник, но ретко која од старт може да процени каков е мажот во кревет. Но, доколку научите добро да проценувате, ситуацијата може да ви биде јасна по само неколку часа минати во негово друштво.

Говорот на телото кажува многу, исто како и одредено однесување. Потребно е само да ги „снимате“ неговите потези. На пример, доколку е фин, пристоен и љубезен, тоа кажува дека е добро воспитан. Но, допирите можат многу да ви кажат.

Кои знаци го откриваат совршениот љубовник?

Често ве допира

Ова не се однесува само на сексуална конотација. Всушност, мажите кои само сакаат секс најчесто ќе почекаат со допирите, до моментот додека не ја однесат жената во кревет. Внимателните љубовници го ценат допирот надвор од спалната соба. Ќе ве допира додека разговарате, ќе ве фати за половина додека минувате покрај него, ќе ве фати за рака додека ви објаснува нешто и слично, сето тоа се знаци дека е внимателен и во кревет.

Има добри манири

Ако секогаш ви отвора врата, ви го придржува палтото, ве прашува како сте и како сте го минале денот, очигледно сте во друштво на џентлмен. А тоа е и прилично голема гаранција дека и во кревет ќе биде вистински господин.

Не е нервозен

Ако целта му е само да ве однесе во кревет, веројатно тоа ќе сака да го направи што побрзо, а со самото тоа ќе биде воочливо нервозен и постојано ќе ве брза. Момчето кое трпеливо чека да му дадете зелено светло, кое навистина сака да ве запознае, најверојатно и во креветот ќе биде трпелив и нежен љубовник.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Read more

Љубовен хороскоп за јуни: Биковите пред брак, Јарците се навраќаат на стара љубов

Read more

Секси игри: Што е фетиш и кој е твојот?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more
 

Магазин

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе

Храна што ќе ви помогне да го стопите салото на стомакот

Читај повеќе

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Читај повеќе

Идеја за ручек: Пилешко со 4 сирења

Читај повеќе

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Читај повеќе

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Читај повеќе