Три работи кои Мурињо мора да ги поправи во Рома

Специјалниот се враќа во Серија А, но не доаѓа во клуб од врвот, туку во клуб кој го брануваат куп проблеми кога станува збор за составот.

Во шокирачки развој на настаните, Жозе Мурињо заврши на клупата на Рома за наредната сезона. Од португалскиот стратег се бара да го врати клубот меѓу претендентите за Скудетото, титула која ја сонуваат навивачите од 2001 година.

Но, човек навикнат да води клубови кои имаат големи имиња и огромни финансии на располагање, сега се соочува со клуб кој е седми на табелата, без големи шампиони во соблекувалната и со ограничен буџет.

Дефанзивни недостатоци

Во својата најдобра форма, Рома под водство на Паулу Фонсека успеваше да негува привлечен напаѓачки фудбал и да собира аплаузи од неутралната публика. Но, лошата одбрана секогаш ја засенуваше атрактивната игра и ги минираше резултатите поради кои клубот трета сезона ќе биде надвор од Лигата на шампионите.

Минатата сезона Рома прими дури 51 гол, а оваа сезона веќе го надмина тој негативен рекорд и на четири кола до крајот веќе има примено 53 гола. Фактички, Рома во последните две сезони прими над 100 гола во Серија А.

Мурињо е познат како конзервативен тренер, па ќе ми биде потребна силна доза на прагматизам за да успее да ја засили одбраната на која дефинитивно ѝ е потребен ремонт.

Мачење против големите тимови

Во изминативе две сезони Рома стана клуб кој се мачи кога игра против останатите великани од Калчото. Неспособноста да се победи посилен тим стана заштитен знак на Фонсека, па Мурињо ќе мора да најде начин како да се носи со клубовите од калибарот на Интер, Аталанта, Милан, Јувентус, Наполи и Лацио.

Единствената победа на Рома над голема екипа овие две сезони беше 3:1 победата над Јувентус среде Торино ланската сезона, но таа победа дојде кога Јуве веќе го осигура Скудетото и победата не му беше потребна.

Рома е 12 натпревари без победа над најдобрите осум на табелата во моментов (6 ремија и 6 порази) со гол-разлика од -15. Тешките порази од Аталанта, Наполи и лутиот градски ривал Лацио покажаа колку клубот од престолнината заостанува зад своите ривали.

Проблеми со повреди

Иако главниот фокус на Мурињо ќе биде на тренинзите, ќе мора особено да внимава и на медицинскиот дел. Обидот на Рома да игра дома и во Лига Европа се одрази лошо врз физичката подготвеност на играчите, па плејада првотимци минаа добар дел од сезоната опоравувајќи се од повреди наместо на теренот.

Мускулните повреди поради кои Жордан Верету и Леонардо Спинацола го напуштија теренот уште во првото полувреме од дуелот на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед само покажаа колку е способен медицинскиот тим на Фонсека и ги натераа клупските газди да разгледуваат ремонт и во тој дел од тимот.

Пари мора да се потошат летово за да се среди просечниот тим, но играчите кои се способни да играат големи натпревари мора Мурињо да ги задржи.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе