Три раси на кучиња кои најмногу личат на волци

Првите кучиња биле припитомени пред приближно 34.000 години, а иако долго се верувало дека кучињата потекнуваат од волци, истражувањата покажаа дека тоа не е така.

Според трудот објавен во списанието PLoS Genetics, меѓународен тим на научници од Корнел ги анализирал геномите на кучиња и три сиви волци од Кина, Хрватска и Израел.

Научниците откриле дека трите волци од сосема различни делови на светот се повеќе генетски поврзани еден со друг отколку со кое било куче. Исто така, анализираните геноми на кучиња го покажуваат нивниот поголем генетски афинитет едни со други отколку со кој било волк.

Овој заклучок сугерира дека денешните кучиња и сиви волци еволуирале од заеднички предок како посебни гранки на еволутивното дрво, а не дека кучињата еволуирале од волци, како што претходно се мислеше. Сепак, некои кучиња по изглед и други карактеристики повеќе личат на волци од другите кучиња.

Ова се трите раси на кучиња кои најмногу наликуваат на волци по изгледот и некои карактерни црти.

1. Сарлошки волчјак

Оваа релативно нова раса потекнува од Холандија и била препознаена дури во 1981 година. Името го добила по Лендерт Сарлос, основач на расата кој го започнал нејзиното создавање на почетокот на XX век преку вкрстување на арктички волк и германски овчар. Бидејќи првото добиено кученце брзо умрело, во вториот обид германски овчар бил вкрстен со европски волчјак.

Правилно социјализираните кучиња нивните сопственици ги опишуваат како пријателски расположени и исклучително приврзани за луѓето со кои живеат, додека се резервирани кон луѓето кои не ги познаваат.

Сакаат многу движење, сакаат да си играат со други кучиња, а волкот во нив ги тера да избегнуваат конфликти. Токму затоа биле користени како кучиња водичи за слепи.

Како и повеќето несоцијализирани и запоставени кучиња, и кај нив може да се појави агресија, за што не е криво кучето, туку неодговорниот сопственик.

2. Чехословачки волчјак

Со цел да се создаде „супер куче“ за чување на границите, доволно остро, издржливо и отпорно на различни временски услови, чехословачката армија од 50-тите години на XX век започнала да создава нова раса на кучиња, денес позната како чехословачки волчјак.

Првото легло од куче создадено со вкрстување на карпатски волчјак и германски овчар се родило во 1958 година, а за татко на расата се смета Карел Хартл. Армијата ги користела до средината на 70-тите години, кога се откажала од проектот.

Доколку ги набавите за нивниот изглед и најчесто ги чувате во стан или двор, а притоа ги игнорирате ги нивните потреби, ќе добиете фрустрирано куче. Ако од мало не сте го приспособиле на други кучиња и луѓе, ќе добиете фрустрирано и агресивно куче. Но, тоа не е проблем на расата, туку на неодговорниот сопственик. Личноста која има искуство со кучиња и знае како да го контролира својот темперамент ќе добие нормално куче кое добро ќе се сложува со децата и другите кучиња.

3. Сибирски хаски

Оваа раса со својот изглед страшно потсетува на волк, а беше популаризирана со филмови и серии како „Games of Thrones“ и „The Twilight Saga“. За жал, поради споменатата серија, хаските (и маламутите од Алјаска) ширум светот сѐ повеќе стануваат несакани миленичиња и завршуваат во засолништа за напуштени животни, предупредуваат британските љубители на животни.

Имено, расата иако има атрактивен изглед, има „тежок“ карактер и не се препорачува за сопственици кои немаат искуство со кучиња. Како кучето се однесува најмногу зависи од напорот на сопственикот. Кај хаските тоа значи дека сопственикот мора да има некое претходно знаење за кучињата и многу трпение. Навремената и правилно социјализираната хаска која доволно вежба секој ден ќе биде совршено домашно милениче кое добро ќе се сложува со другите кучиња, мачки и деца.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе