Три рецепти за домашни изотонични пијалаци

Лекарите советуваат дека во летниот период, освен вода, треба да пиете и изотонични пијалаци за да избегнете дехидрација.

Изотоничните пијалаци, или популарно наречените „спортски“ пијалаци, содржат 40-80 грама јаглени хидрати на литар. Се смета дека овие видови на пијалаци се најефективниот начин за рехидратација за време и после вежбање, но и за време на екстремни горештини.

Изотоничните пијалаци содржат две главни состојки: јаглехидрати кои обезбедуваат „гориво“ за работа на мускулите, како и натриум, односно сол. Малата количина на натриум помага за забрзување на рехидратацијата, одржува рамнотежа на течности и ги заменува солите изгубени со потење.

Ако пијалакот се опишува како изотоничен, тоа значи дека содржи слични концентрации на сол и шеќер како во човечкото тело. Со други зборови, ќе содржи помеѓу 6 и 8% јаглени хидрати (шеќер). Изотонични пијалаци можете да направите сами дома.

Овошна опција

Потребни состојки:

  • 250 ml вистински овошен сок
  • 250 ml вода
  • прстофат сол

Соединете ги сите состојки, добро измешајте и изладете. При изборот на сок, важно е да не се користи пијалак направен од разредено овошје. Може да земете вистински, стопроцентен сок од портокал.

Мохито

Потребни состојки:

  • сок од половина лимета, околу 20 ml
  • 150 ml сок од јаболко
  • 330 ml вода
  • 1 лажица мед или кафеав шеќер
  • 4 до 6 листови нане
  • прстофат сол

Прво измешајте ги шеќерот/медот и нането, но не кршете ги листовите нане. Потоа додадете сок од јаболко и вода. Сè добро измешајте и изладете, така што напитокот ќе биде готов за пиење. Оваа опција не е толку евтина како претходната, но е вистински поздрава и побогата по вкус алтернатива.

Лимон и ѓумбир

Потребни состојки:

  • 44 ml сок од лимон
  • парче суров ѓумбир
  • 450 ml вода
  • 3 лажици мед

Додадете неколку тенки парчиња ѓумбир во голема шолја зовриена вода и оставете го да отстои додека ѓумбирот не го ослободи својот вкус. Отстранете ги парчињата ѓумбир и исцедете го лимонот, а потоа измешајте го медот. Оставете го прво да се излади на собна температура, а потоа изладете го во фрижидер.

Тагови
реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе