Три рецепти за љубителите на зачинета храна
Нутриционистката Садиа од блогот Pick Up Limes предлага три рецепти за екстра зачинети јадења кои ќе внесат нови вкусови во вашето мени.
Садиа напоменува дека со оглед на актуелната ситуација, можеби дома ги немате сите состојки, но може да направите замена на зеленчукот, гравот со леќа и обратно, свеж со замрзнат спанаќ или сосема да го изоставите. Во поглед на зачините, ако некој зачин го немате, ставете кари во прав.
На крајот на краиштата, инспирирајте се од нејзините рецепти и направете свои!