Три реченици што секој маж сака да ги слушне

Доколку мислите дека партнерот е малку оддалечен од вас, обидете се да му ги кажете овие три работи со кои ќе му ставите до знаење дека го сакате. Не е поентата само да ги изговорите овие реченици, важно е тоа навистина да го мислите и со тоа да му го порачате токму она што сака да го слушне од жената која ја сака.

1. Го можеш ти тоа

Некои мажи едноставно „процветуваат“ кога ќе осетат почит, особено кога знаат дека ја имаат контролата над нешто и дека се способни тоа да го направат. Овој момент е посебен кога вие ќе му ставите до знаење дека го гледате најдоброто во него, неговиот потенцијал.

Не е секогаш лесно да му покажете на партнерот дека верувате во него, ако претходно во нешто ве разочарал, но од друга страна сетете се дека нешто научил од таа грешка. Вашата доверба и трпение многу ќе му значат, особено кога е му кажете „Го можеш ти тоа“.  Кога ќе забележи дека верувате во него, ќе биде и многу поискрен со вас.

2. Знам дека имаше добри намери кога го направи тоа

Кога сте фрустрирани од партнерот тоа е затоа што мислите дека на него не му е грижа за вас и дека се обидува да ве повреди. Кога сте вознемирени, емоциите можат да ве одведат на погрешен пат и работите да не изгледаат како што навистина се. Треба да знаете дека човекот кој ве сака не се обидува намерно да ве повреди, туку да ве направи среќна.

Потребно е да направите ментален напор за да го сфатите тоа, пред да му го кажете тоа што му е потребно да го слушне. Затоа, фокусирајте се на тоа да сфатите дека навистина имал добри намери кога направил нешто. Почитувајте го и имајте доверба во него, бидејќи тоа значи дека го сакате.

3. Ти благодарам што го направи тоа

Мажите сакаат да прават работи за своите партнерки и тоа не само во финансиска смисла. Ако ве изведе на вечера тој чувствува емоционална одговорност за тоа искуство.  Ако и вие сте задоволни и ви годи атмосферата, ќе се чувствува убаво бидејќи направил нешто за да ве усреќи.

Ова е само еден од примерите, но поентата е дека кога партнерот ќе забележи дека цените некои работи што ги прави за вас, ќе се чувствува добро и ќе сака повторно да направи нешто за да ве усреќи.

Од друга страна, ако не го цените тоа што го прави, ќе ја изгуби волјата за такво нешто.

Затоа, заблагодарете се за некоја конкретна работа, како подготовка на вечера и слично. Важно е тоа да доаѓа од срцето, а не да ги изговорите зборовите туку така или уште полошо, да се обидувате со тоа да манипулирате со него.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе