Три ритуали кои среќните парови секојдневно ги практикуваат

Според експертите, природно е дека во брак/сериозна врска, романтиката, наклонетоста, почитта и комуникацијата опаѓаат со текот на времето, не затоа што паровите престануваат да се сакаат, туку затоа што им е премногу удобно заедно.

Меѓутоа, со текот на времето, земањето здраво за готово ќе почне некому да му пречи и да стане проблем. Затоа е важно да бидете свесни што правите и да имате план за негување на сѐ што е позитивно во вашата врска.

За да избегнете ситуација во која сѐ ќе земате здраво за готово, обидете се во вашиот секојдневен живот да ги внесете трите ритуали на среќните парови:

1. Создадете навика за поздравување

Еден од важните моменти во секојдневниот живот е начинот на кој се поздравувате. Ако сте доследни во вашиот срдечен и искрен поздрав, секој момент кога ќе се сретнете повторно ќе ве прави среќни.

Ако со текот на времето ја изгубите навиката за поздравување, чувството на возбуда ќе исчезне.

Затоа вратете го поздравот во вашата врска и бидете доследни. По некое време ќе сфатите дека тоа позитивно влијае на вашата врска и ќе бидете возбудени секогаш кога ќе го видите партнерот.

2. Одвојте по неколку минути секој ден за непречена комуникација

Само две минути непрекината, фокусирана комуникација може да биде подобра и поважна за врската отколку да поминете нефокусирана недела заедно.

Затоа секојдневно одвојувате по неколку минути за значаен разговор. На пример, можете да почнете да се будите малку порано за да разговарате неколку минути по појадокот со вашиот сопружник/партнер за претстојниот ден.

3. Секој да го практикува ритуалот на почит

Вистина е дека паровите меѓусебно често ги земаат здраво за готово добрите карактеристики на партнерот или партнерката. И тоа почнуваат да го прават тоа многу брзо. Едноставно се случува да престанат да ги забележуваат сите добри работи што ги прави другата страна, а од друга страна сѐ повеќе се фокусираат на малите маани.

Доколку ви се чини дека самите одите во таа насока, обидете се да го вклучите ритуалот на почитување во вашето секојдневие. Вежбајте благодарност - кога ќе се укаже прилика, заблагодарете му се на вашиот партнер/ка за сите големи и/или мали нешта што ги направил/а за вас тој ден. Се разбира, треба да биде и во обратна насока.

По некое време, ќе бидете воодушевени од количеството убави работи што ги правите еден за друг во текот на денот. Кога ќе го разберете тоа, ќе станете многу потолерантни кон грешките што ги правите.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе