Три сомнителни случаи тестирани за корона вирус, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) – Три лица денеска се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип, на кои им се извршени тестирања за корона вирусот. Кај двете лица резултатите се негативни, а за едното лице резултатите се очекуваат.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека станува збор за наши граѓани кои изминатиот период патувале во Италија, а денеска сами се пријавиле на Инфективната клиника. Потенцира дека во попладневните часови се очекува да пристигне уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром.

– Се очекува уште еден авион од Италија на Скопскиот аеродром во попладневните часови. Истовремено согласно препораките и задолженијата од Владата денеска во најскратена постапка започнува набавката на дезинфекциски средства за училиштата, а во текот на денот или утре и дополнувањето на резервите на опрема што е заштитна опрема за медицинскиот персонал, рече Филипче.

Нагласи дека изутрината имале координативен состанок со Комисијата за заразни болести и ги потврдиле мерките што веќе се на сила. На состанокот, појасни, беа присутни претставници од  аеродромската лекарска екипа, како и од граничната полиција, опремата и прашалниците таму се веќе дистрибуирани, а патниците се насочуваат само на петте насочени сувоземни премини, како што тоа беше објавено во текот на вчерашниот ден.

– Нема некои суспектни случаи и потреба за интервенција на епидемиолозите на овие сувоземни гранични премини. Ја користам можноста да ги повторам апелите да не се патува без некоја голема потреба во регионите каде има епидемија, посебно во северна Италија. Ќе повторам дека се откажани сите екскурзии кои ги организираат државните институции, а се однесува на основните и средните училишта, универзитетите и студиските престои. Доколку има потреба ќе комуницираме и во текот на денот, доколку не утрешниот брифинг ќе биде во претпладневните часови, истакна Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека изутрината разговарале и за мерката за ставање под целосен надзор на групите кои ќе доаѓаат деновиве.

– Веројатно е дека ќе имаме уште еден состанок на оваа нова координативна група која ја формиравме по препорака на Владата во текот на утрото. Попладнево ќе имаме првична средба. Тука членуваат членови од Комисијата за заразни болести и ќе се донесе соодветна одлука, посочи Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за маските рече дека во текот на вчерашниот ден излегле со став поткрепен од експертите епидемиолози, а тоа е дека маска на отворен простор со оглед на начин на кој се пренесува оваа инфекција, а тоа е и преку раце, бидејќи вирусот одреден период останува на површините, не е начин граѓаните да се заштитат.

– Напротив може да го зголеми ризикот за инфекција заради манипулацијата на маската со раце. Недостигот на маски е насекаде во регионот присутен. Ние имаме како Министерство за здравство сосема доволна количина намената за здравствените работници. Во текот на вчерашниот ден се правеа некои технички интервенции во Управата за царина со цел да се надмине тој проблем со кој аптеките технички се соочиле, рече Филипче.

На прашање кога може да се очекуваат сапуни во училиштата, рече дека таа постапка ќе трае четири до пет дена и верува дека од понеделник веќе ќе можат да се дистрибуираат во училиштата.

На прашање дали ќе побара одложување на јавни манифестации во овој период рече дека будно ја следат ситуацијата и засега нема потреба, но оти може се да се случи.

– Еве има случај во Грција, имаше уште еден случај во Хрватска, чекаме информација од Косово, во Албанија нема. Може да ни се случи да имаме прв заболен од коронавирус и тогаш ќе одлучуваме во зависност од епидемиолошкиот ланец околу заболените, рече Филипче.

Потенцира дека се тестираат сите кои ќе добијат симптоми на грип, а доаѓаат од ризичните подрачја согласно клиничката слика и додаде дека има доволно тестови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе