Три технологии на НАСА кои го подобрија квалитетот на живот на Земјата

Технологиите коишто ги користи НАСА на три начини го подобрија квалитетот на животот на Земјата.

Технологиите на американската вселенска агенција се користат во борбата против загадувањето на воздухот, во земјоделството и во отстранувањето отровни материи од средината.

Борба против загадениот воздух

Лунарната прашина може да ги оштети очите и белите дробови на астронаутите, како и нивната опрема. Поради тоа, НАСА разви високо чувствителни сензори со коишто се мери концентрацијата на оваа прашина во текот на мисии во вселената.

Сега, оваа технологија се користи на Земјата. Canary S детекторот регистрира загадувачи како што се метанот и јагленмоноксидот. Во САД се користи за следење на квалитетот на воздухот во близина на училишта како и за следење на загадување на воздухот во текот на шумските пожари.

Примена во земјоделството

Веќе една деценија НАСА произведува дронови кои се користат на Марс. Тоа беше клучно за развој на дронови кои се користат на Земјата. Овие летала се многу корисни за земјоделците, ги користат за да извршат преглед на земјиштето што го обработуваат.

Отстранување отровни материи од средината

Експертите на НАСА осмислија начин како да се борат против една од најштетните работи коишто луѓето ги имаат направено. Станува збор за токсинот полихлориран бифенил (PCB) чија употреба сега е забранета. Меѓутоа, потребно е да биде отстранет од околината.

НАСА разви цевки наречени ecoSPEARS кои можат да се вкопаат во земјиштето. Станува збор за реагенс којшто го отстранува PCB од средината, наведуваат од Светскиот економски форум.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Read more

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Read more

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Read more

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Read more
 

Гик

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе