Три вида на пијалаци што не треба да се консумираат пред пладне

Започнувањето на денот со правилен избор на пијалак е клучно за одржување на стабилно ниво на енергија и целокупно здравје, а има и некои видови што треба да ги избегнувате, особено во утринските часови.

Консумирањето пијалаци со многу шеќер пред пладне може да доведе до значителни скокови на шеќерот во крвта и пад на енергијата во текот на денот, како и зголемено воспаление, што може да ви го наруши утрото и негативно да влијае на вашето здравје.

Разбирањето на ефектите на популарните утрински пијалаци врз вашето тело може да ви помогне да направите подобар избор за да поддржите побалансиран и поенергичен ден. Затоа, нутриционистите препорачуваат да не ги консумирате овие видови пред пладне:

Овошни сокови

Иако овошјето е генерално здраво, овошниот сок купен во продавница има многу недостатоци. Често крие концентрирани шеќери и нема влакна. Овие сокови доведуваат до скокови на шеќерот во крвта и немаат заситени придобивки како целото овошје. Многу комерцијални сокови, исто така, содржат додадени шеќери и конзерванси, кои придонесуваат за воспаление. Без влакна, шеќерите во сокот брзо се апсорбираат во крвотокот, предизвикувајќи брзи скокови на шеќерот во крвта.

За поздрава опција, обидете се да направите свој сок дома од целото овошје и зеленчук, обезбедувајќи да ги задржите корисните влакна и хранливи материи. Најдобра опција е плодовите да се изблендирате и да додадете вода. На тој начин ќе ги внесите сите хранливи материи.

Смути (од маркет)

Смутињата купени во продавница можеби изгледаат здрави, но често содржат исто толку шеќер како и овошните сокови. Овој вид на пијалак често содржи скриени шеќери од овошје и сирупи. Високата содржина на шеќер може да предизвика скокови на шеќерот во крвта, проследено со пад што прави да се чувствувате слабо.

Благи кафиња

Шолја кафе можеби е вашиот омилен ритуал, но зашеќерените опции како лате и капучино полни со сирупи и шлаг може да бидат штетни. И овие пијалаци го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и промовираат воспаление. Високиот внес на шеќер е поврзан со зголемување на воспалителните маркери. Покрај тоа, овие пијалаци често содржат многу празни калории, што доведува до зголемување на телесната тежина и дополнително воспаление.

Тагови
реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Здравје

Три работи што треба да ги направите кога ќе се разбудите за да го намалите крвниот притисок

Read more

Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

Read more

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more
 

Магазин

Три работи што треба да ги направите кога ќе се разбудите за да го намалите крвниот притисок

Читај повеќе

Карактеристики на родителите кои се блиски со своите возрасни деца

Читај повеќе

Кој треба да избегнува да јаде јагнешко месо?

Читај повеќе

Храна што бремените жени треба да ја јадат секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Читај повеќе

Како да подготвите сочни ќофтиња кои нема да се распаднат при пржење?

Читај повеќе

Како бројот на часови сон влијае на вашето тело и мозок?

Читај повеќе

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Читај повеќе