Три земјотреси утрово ја погодија Грција

Според извештаите на Геодинамичкиот институт во Атина, утрово, 17 февруари 2025 година, грчкиот остров Санторини го погодија три земјотреси.

Првиот земјотрес со јачина од 4,2 степени се случи синоќа во 22:55 часот по локално време, вториот со јачина од 4,5 степени во 01:08 часот, а третиот, најсилен, со јачина од 5,1 е регистриран нешто пред 10 часот. Епицентарот на последниот земјотрес бил на 18 километри источно од Фира, главниот град на Санторини, а потреси биле почувствувани и во регионот на Атика, вклучувајќи ја и Атина.

Сите земјотреси се дел од континуираната сеизмичка активност која е во тек од 26 јануари 2025 година, при што се забележани повеќе од 16.900 земјотреси со јачина поголема од еден по Рихтеровата скала.

Поради ваквата состојба на неколку острови во регионот, меѓу кои и Санторини и Аморгос, е прогласена вонредна состојба која ќе трае до 14 март.

Тагови
реклама

Регион

Вучиќ најави воен пакт со Унгарија: Хрватска го прекрши договорот од 1996 година

Read more

Поддржувачите на Вучиќ фрлаа со јајца кон студентите во Белград

Read more

Вукашин е 16-тата жртва од уривањето на настрешницата во Нови Сад

Read more

Вучиќ најави дека ќе организира протести: Очекувајте покана наскоро

Read more
 

Вести

Американски разузнавачи: Русија развива сателити кои носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

В недела меморијален марш за Благојче Илијевски кој почина од цистична фиброза чекајќи „Трикафта“

Читај повеќе

Во добра состојба е првиот пациент кој се врати од лекување во странство по пожарот во Кочани

Читај повеќе

Белата куќа: САД и Русија постигнаа важен договор, се согласи и Украина

Читај повеќе

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Читај повеќе

Истрага против татко и двајца синови: Држеле во заложништво шест млади мигранти

Читај повеќе

Екстремно десничарската АфД за прв пат е најсилна опозиција во Германија

Читај повеќе

Трамп вети дека ќе стави крај на војната во Украина во рок од 24 часа: Што направи оттогаш?

Читај повеќе

Левица бара разрешување на директорот на болницата во Демир Хисар

Читај повеќе