Македонија

Трибина „Жената-фактор за поголема безбедност во сообраќајот“

8. март 2016 - 16:11 | Кајгана

Во чест на денот на жената, 8-ми март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и АМСМ организираа сообраќајно-едукативна трибина, на тема „Жената-фактор за поголема безбедност во сообраќајот“. Целта на настанот беше потврдување на улогата на жената, како активен учесник во сообраќајот, но и како фактор кој може да влијае врз воспитувањето на децата, а воедно и на подигање на целокупната сообраќајна култура. Настанот го посетија повеќе од 150 жени возачи, со што уште еднаш се потврдува нивната сериозност кон темата сообраќај.

Жените, како учесници во сообраќајот, имаат важна улога во подигнување на нивото на сообраќајната култура, а со тоа се зголемува и нивната одговорност и влијание врз безбедноста на учесниците во сообраќајот. Освен како пешаци и велосипедисти, денес, сѐ поголем број жени, активно учествуваат во сообраќајот како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи. Почитување на сообраќајните правила и прописи и одговорно учество во сообраќајот, се фактори кои значително ќе придонесат за подобрувње на севкупнта безбедност во сообраќајот на патиштата, посочуваат од РСБСП. 

Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%. Кога се во прашање жените и нивните навики во сообраќајот, беше истакнато дека тие речиси никогаш не возат со брзина поголема од дозволената, не поминуваат на црвено, не возат под дејство на алкохол, итн. Агресивното возење не им е својствено на жените. Исто така, жените покажуваат поголема склоност кон почитувње на сообрќајните правила и прописи, како и кон почитување на велосипедистите и пешаците.

Сообраќајното воспитание и едукацијата на децата, во голема мера е доверено на мајката т.е. жената. Од тој аспект, за безбедноста на сегашните и идни учесници во сообраќајот, жените–мајките имаат огромна и важна улога во едукативно превентивното дејствувње врз децата уште од нивната најрана возраст, и тоа најпрвин преку својот личен пример за однесувањето во сообраќајот, а потоа и како родители, воспитувачки и наставнички во градинките и училиштата, преку постојано развивање и надградба на сообраќајната култура и знаења на децата, истакнаа од АМСМ.

Дека жените не се совршени возачи без мани укажуваат и прекршоците кои најчесто ги прават тие, а настануваат поради одвлечено внимание.Тоа подразбира: зборување на мобилен телефон за време на управување со моторното возило, пишување СМС, правење фотографии, козметичко средување за време на управување со возилото, итн. Друг сериозен проблем, е неупотребата на сигурносните појаси, особено кога се патува на кратки дестинации и во населено место, а секако и погрешното паркирање.

Коментирај