Трицифрени бројки на новозаболени и оздравени, Филипче оценува дека ситуацијата е стабилна

Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од COVID-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ситуацијата е стабилна и под контрола.

Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1.971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот на оздравени е 268. За жал, билансот на починати лица останува ист, односно и вчера се регистрирани пет починати лица.

И натаму, најголем број од заболените се од Скопје, а главниот град е лидер и во бројот на активни случаи.

Според првиот човек во здравството, ситуацијата е стабилна бидејќи подолго време, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, а со тестирањата се откриваат голем број асимптоматски случаи.

Во изјава за телевизија „Телма“, Филипче вчера нагласи дека кадарот е добро организиран со системот на ротација на лекарите и медицинските сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија. Болниците, како што посочи тој, имаат доволно капацитет со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти, а наскоро се очекува со редовно работење да почне ГОБ „8 Септември“.

– Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија што треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација. На тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците – има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата, истакна Филипче.

Здравствените власти уверуваат дека е направен план и за есенскиот бран којшто се очекува. Целта е да се дополнат капацитетите во сите општи и клинички болници низ државата за да се направат мини инфективни одделенија по примерот на модуларната болница во Скопје и тие да бидат одвоени од болниците во кои ќе се третираат пациентите со вообичаена патологија.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека се планира и зголемување на капацитетите за тестирање и дијагностика со вклучување на уште три институции со што ќе се зголеми дневниот капацитет за тестирање за COVID-19.

Тоа, како што појасни Караџовски, би значело да се прават уште 200 до 300 брисеви дневно со што би се зголемила бројката на дневно направени брисеви, односно од 1.500 дневно би можело до крајот на календарската година да се прават и до 2.000 тестови дневно.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе