Триесет и девет возачи возеле побрзо од дозволеното

Скопје, 7 декември 2018 (МИА) – Триесет и девет возачи изминатото деноноќие возеле побрзо од дозволеното, а тројца во алкохолизирана состојба. Од сообраќај, покрај алкохолизираните возачи, исклучени се и седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со моторно возило и еден возач почетник.

Според полицискиот билтен, изминатите 24 часа се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди во кои со лесни телесни повреди се здобиле седум лица. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.

Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила, а 13 возачи не носеле сигурносен појас и шест возачи немале соодветна зимска опрема во возилата. Издадени се и 71 казна за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.

На црвено светло поминале тројца возачи, а двајца не им дале предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин.

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со општина Карпош и Црвениот крст на Град Скопје во 12 часот пред платото на „Сити мол“ ќе одржи симулациска вежба за укажување прва помош на здобиени повреди при употреба на пиротехнички средства со цел започнување на кампањата „За срежна и безбедна 2019“ и одбележување на Денот на превенција. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе