Триесет композиции на музичкиот фестивал „Макфест 2019“

Скопје, 27 септември 2019 (МИА) – Шаренолик фестивал од секој аспект, од возраст на изведувачи, возраст на автори, жанрови на музика за сите вкусови и генерации, од класичен шлагер, до фанк, поп, рок, електро поп, ар-ен-би, најави денеска на прес-конференција во Скопје уметничкиот директор на фестивалот на музика „Макфест 2019“, Владимир Дојчиновски.

На 34-тото издание на „Макфест“ што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври ќе се изведат 30 композиции. Меѓу изведувачите, како што соопшти Дојчиновски, ќе биде и групата „Фрајле“ кои ќе пеат на македонски и за кои вели дека во моментов се регионален хит. Во финалето ќе влезат 20 композиции, а Дојчиновски посочи дека можеби ќе има простор за уште две композиции.

На првата полуфинална веќер ќе настапат: Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“, Мартина со „Зрак“, Трајче Георгиев „Си одиш ти“, Марија Груевска,  Акустик Дивижн „Магија“, Ивана Бизо „Знам“, Мина Блажев „Не можам без тебе“, Виктор Апостоловски „Оди си“, Александар Митевски и Драган Спасов Дац „Уште ми фалиш“, Огнен Здравковски и Зоран Џорлев „Светот нека застане“, Игор Узунов „Ранет херој“, Здравка Мирчевска „Нема утре“, Мартија Станојковиќ „Возбуда и љубов“, Наташа Малинкова „Што ли да направам“ и Кентаур „Допир нежен и мил“.

На втората, пак, ќе настапат: Даниел Дан – „Завртив круг“, Филип Јордановски и Емилија Гиевска – „Вечно заедно“, Елена Наумова – „Крај“, Дексо&Принц – „Фанк“, Симона Поповска – „Љуби ме“, Фрајле – „Не и признавај“, група Екстраваганса – „Како странец“ , Елена Петреска – „Без дилема“, Лара – „Кој те учи така“, Росана Сариќ Тодоровска – „Спомени“, Јасмин Лопез – „Врела крв кубанска“, Коки и тајфата – „Бела ајта“, Барбара – „Во срцето“, Игор Шарески – „Без тебе“ и Славица Ангелова – „Љубовта не боли“.

Организатор на фестивалот е Општина Штип, со поддршка од Министерството за култура. И годинава, за преносот е задолжена МРТ.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Српски туристи избркани од грчкиот остров Евија

Read more

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на COVID-19

Read more

Видеоиграта Super Mario Bros. од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Read more

Музика

Далај Лама објави нова песна

Read more

Виери, Вентола и Адани снимија песна

Read more

Дуа Липа сака да сними дует со Мадона

Read more

Џастин Бибер обвинет за силување

Read more

Сцена

  • play_arrow

Како Шарлиз Терон вежбаше за акционите сцени во „The Old Guard“

Читај повеќе
  • play_arrow

Пријателите им помогнаа на „Ласт експедишн“ да направат спот за култната песна „Шефе“

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот мак-рок бенд „Mayday“ ја објави својата прва нумера

Читај повеќе

Џез концерт на отворено во Сули ан: Today it’s all about jazz

Читај повеќе

Наја Ривера најверојатно се удавила, потрагата продолжува

Читај повеќе

Семејно советување ги подобри односите меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна трејлерот за продолжението на Netflix хитот „The Kissing Booth“

Читај повеќе
  • play_arrow

„Love on the Spectrum“ – каков е светот на љубовта за луѓето со аутизам?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов сингл на Љубојна  - „Љубов по Татунчо“ за македонскиот филм „Стела“

Читај повеќе