Триестдневен притвор за жител на Синѓелиќ поради шверц на дрога и илегално поседување оружје

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен жител на скопското село Синѓелиќ, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– При извршен претрес на 21.12.2020 година, во 12.30 часот, во семејната куќа на осомничениот, во помошна просторија – гаража во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, службените лица пронашле наркотична дрога – хероин спакувана и обвиткана во различни пакувања во вкупна грамажа од 4070,4 грама и наркотична дрога – кокаин спакувана во различни пакувања со вкупна тежина од 864,98 грама, се наведува во соопштенито на Јавното обвинителство.

Од таму информираат дека осомничениот заедно со дрогата која ја држел неовластено заради продажба, криел и една дигитална вага DIGITAL SCALE.

– Во бункерот било пронајдено и оружје и муниција од поголемо количество и тоа вкупно 235 куршуми во различен калибар и тоа 150 куршуми калибар 9 милиметри Luger спакувани во различни кутии, 44 куршуми калибар 357 и 19 куршуми калибар 9 милиметри, како и еден пиштол марка HS со една рамка со 16 куршуми калибар 9 милиметри, еден револвер марка МАГНУМ 357, како и 7357 М 83/94 ZASTAVA со шест куршуми калибар 357 MAGNUM, се додава во соопштението.

Според Обвинителството, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од ОЈО Скопје до скопскиот Основен кривичен суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

– Судот го прифати предлогот, па со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, наведува Јавното обвинителство.​ 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Хроника

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Read more

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Read more

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Read more

Обезбедувач на Гинекологија во Чаир бил претепан од две лица

Read more
 

Вести

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе