Според информациите на МВР, вчера во 11 часот во куќата во сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, а во него нашла неговата тригодишна ќерка, која се здобила со изгореници.
Девојчето било пренесено во Медицинскиот центар во Струга во тешка здравствена состојба, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирано во болница во Скопје.
Пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде што во 14,20 часот починала.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга.