Трик од 1 секунда открива која пиперка е најдобра за салата, а која за готвење

Сигурно барем еднаш ви се има случено да направите салата со парчиња свежа пиперка, да ставите еден залак в уста и да сфатите дека вкусот не чини. Можеби сте помислиле дека продавачот ви подметнал лош плод или нешто сте промашиле во едноставното правење на салатата. Но, веројатно не сте помислиле дека сте употребиле погрешна, односно т.н. машка пиперка.

Иако пиперките немаат женски и машки пол, некои навистина прават ваква поделба. Со тоа тврдат дека еден вид е попогоден за термичка обработка, додека друг е повкусен кога се консумира сиров.

Земете в рака црвена, жолта и зелена пиперка и погледнете ги од долната страна. Што гледате?

Таканаречените машки пиперки од долната страна имаат 3 испакнатинки што веднаш треба да ви укажат на тоа дека таа пиперка е наменета за термичка обработка. Женската пиперка има 4 испакнатинки и треба да се јаде сирова. Има посладок вкус, па затоа слободно додадете ја во салати, сендвичи или исечкајте ја и самостојно јадете ја со омилениот сос и намаз.

Експертите, нормално, не се согласуваат со оваа поделба, а целата приказна ја нарекуваат урбана легенда. Тие велат дека пиперките може да имаат од 2 до 5 испакнатинки на долната страна и дека таа бројка нема никаква врска со слаткоста или горчината на пиперките. Напротив, вкусот на плодот зависи од квалитетот на почвата, метеоролошките прилики за време на дозревањето на зеленчукот, но и од тоа колку долго пиперката стоела на стеблото.

Тагови
реклама

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Пристигна првата реакција на Русија на ултиматумот на Трамп

Read more

Русите први туристи во новото одморалиште во Северна Кореја

Read more

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Read more

Живот

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Read more

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Read more

Градинарски трикови со кои ќе заштедите вода во летните горештини

Read more

Грција со рекордни туристички такси ова лето: Што треба да знаат македонските туристи?

Read more
 

Магазин

Предупредувачки знаци на деменција што можат да се појават среде ноќ

Читај повеќе

Како да го отстраните непријатниот мирис од одводите?

Читај повеќе

Месечината во Риби на 14 јули им носи среќа на 3 хороскопски знаци

Читај повеќе

Како да препознаете дека ви недостасуваат електролити?

Читај повеќе

Како да подготвите совршен гулаш?

Читај повеќе

Дали диетата богата со протеини навистина помага при слабеење?

Читај повеќе

Градинарски трикови со кои ќе заштедите вода во летните горештини

Читај повеќе

Грција со рекордни туристички такси ова лето: Што треба да знаат македонските туристи?

Читај повеќе

Што треба да пиете секој ден за подобро здравје на црниот дроб?

Читај повеќе