Живот

Трик што ќе ви помогне да не ви се замаглуваат очилата

13. февруари 2018 - 19:15 | А.С.

Колку пати ви се случило да ви се замаглат очилата со диоптер кога ќе влезете во топла просторија од ладното време надвор?

Сега има трик што ќе ви помогне да се решите од овој проблем, а не може да биде поедноставен.

Земете мека крпа и на неа ставете малку средство за миење садови и пребришете ги стаклата. Оставете да се исушат околу 15 минути, а потоа избришете ги  со сува крпа.

На стаклата ќе остане само аштитниот слој што ќе ги заштити од замаглување.

Коментирај