Отстранете ги тврдоглавите дамки од пластичните садови за храна со овој едноставен трик.
Ако некогаш сте наполниле пластични садови со остатоци од паста, кари или кое било друго егзотично јадење, веројатно потоа сте се мачеле да го исчистите.
Сосовите богати со домати и одредени зачини како куркума се познати по тоа што оставаат жолтеникави дамки на садовите и за жал, се чини дека никакво енергично чистење не може да ги отстрани овие дамки.
Постои еден начин да ги вратите во нивната првобитна недопрена состојба. Во видеото на TikTok, една жена откри дека за отстранување на дамки од вашите пластични садови потребни се само три работи кои се лесно достапни во повеќето домаќинства.
Сѐ што ви треба е топла вода, течност за миење садови и убрус.
„Ако вашите садови имаат жолти дамки кои едноставно не можете да ги извадите без разлика колку силно ги чистите, дозволете ми да ви покажам брз трик. Наполнете го садот со вода, ќе ви треба течност за миење садови и ќе ви треба хартиена крпа - убрус. Само ставете го убрусот внатре и попрскај те малку течност за миење садови на него“, објасни таа.
Потоа додаде дека многу брзо можете да видите како исчезнуваат дамките.
„Убрусот измешан со течност за миење садови и вода едноставно ги отстранува сите дамки“, додава таа.
Откако го направи ова, покажа успешен резултат. По брзото плакнење со вода за да се отстрани пената, садот беше беспрекорен.