Tрикови кои ќе ви помогнат да прочитате повеќе книги годинава

Истражување спроведено од Истражувачкиот центар PEW покажа дека луѓето во просек читаат четири книги за една година, за разлика од оние на врвот на листата, кои за една година читаат до 48 книги. Тоа не е случајност, но повеќето луѓе и понатаму наоѓаат изговори за нередовното читање.

Но, тоа може да се промени ако се послужите со овие пет трикови со чија помош ќе изградите навика за читање и во 2020 година ќе прочитате значително повеќе книги од претходната година.

1. Направете распоред за читање

Ако сакате да прочитате што повеќе книги мора да го организирате времето за обврските во текот на денот. Одредете време од денот за читање и почитувајте го тоа. На крајот на неделата направете распоред за цела седмица и бидете упорни и истрајни да го исполните тоа што сте си го задале како задача.

2. Претворете го читањето во утринска навика

Ако наутро читате од 15 до 30 минути, во текот на денот ќе бидете попродуктивни и полни со елан, а денот ќе ви делува поисполнет. Ако го одложите читањето за подоцна, може да се случи да бидете преуморни и да не можете да се концентрирате на книгата, па така ќе ви мине уште еден ден без читање.

3. Читање пред спиење

Уште еден начин да прочитате многу книги во текот на годината е да воведете обврска секоја вечер пред спиење да читате од 15 до 30 минути. Изгасете го телевизорот, оддалечете го телефонот од вас, завршете го денот со книга в раце. Освен што полесно ќе заспиете научно докажано е дека читањето го подобрува квалитетот на сонот па наутро ќе се разбудите одморени и енергични.

4. Не се двоумете да престанете со читање ако книгата не ви се допаѓа

Ако книгата не ви се допаѓа, престанете со читање. Во спротивно, веројатно ќе престанете целосно со читање. Оставете ја книгата која не ви одговара за читање, ќе имате повеќе време и волја за други книги кои ќе ве поттикнат да ги прочитате. Исто така, ако наидете на дел кој не ви е интересен, прескокнете го додека не дојдете до тоа што ве интересира.

5. Носете книга со себе

Ако секогаш носите книга со вас, во секое време ќе може квалитетно да го минувате времето додека чекате некого или нешто. Тоа е многу повеќе продуктивно отколку бесцелното прегледување содржини на Instagram или на Facebook.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Споредба на Хрватска и Србија

Read more

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Read more

Книги

Романот „Елитна проститутка“ го разбранува цел Балкан

Read more

Предлог за читање: „Вештица“ од Венко Андоновски

Read more

„Читањето е супермоќ“ – онлајн кампања на „Арс Ламина“

Read more

Предлог за читање: „Со затворени очи“ – Џош Малерман

Read more

Магазин

  • play_arrow

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Читај повеќе

Запалена статуата на Меланија Трамп во Словенија

Читај повеќе

Четири најчести грешки што ги правите за време на секс

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе патуваме со авион во ковид иднината?

Читај повеќе
  • play_arrow

8-минутни вежби за стомачни со Памела Рајф

Читај повеќе

Зошто е добро да се јаде диња?

Читај повеќе

Секси шорцевите на Tesla распродадени за минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Цел свет го знаеше како малиот Херкулес, а денес е непрепознатлив

Читај повеќе

Намирници кои го прочистуваат црниот дроб

Читај повеќе