Колку сте добри во сексот зависи од тоа колку сте опуштени, колку добро се чувствувате во вашето тело и колку сте компатибилни со партнерот.

Но, постојат неколку трикови кои може да ги употребите за подобрување на сексуалниот живот.
Ако сакате да пробате некоја нова поза, не чекајте туку предложете му на партнерот. Мажите сакаат кога жените се креативни во кревет. Не се оптоварувајте дали новата поза ќе ве доведе до оргазам, сигурно ќе ја распламти страста меѓу вас.
На мажите им е секси кога девојката знае што сака во кревет. Понекогаш преземете ја контролата и покажете му што знаете, доволно е за почеток да преземете иницијатива и му покажете дека вие сте главна.
Визуелната стимулација ги возбудува мажите. Многумина сакаат да водат љубов пред огледало, но и пози кои им овозможуваат да уживаат во погледот.