Бананите се дефинитивно вид на овошје кое најбрзо скапува. Сепак, постојат неколку трикови со кои можете да го продолжите нивниот рок на траење.

Бананите вообичаено можат да траат од два до шест дена. Доколку имате кука на ѕидот од кујната на која можете да ги закачите, задолжително направете го тоа бидејќи ќе спречите појава на црни дамки, кои вообичаено се појавуваат кога бананите се наредени една врз друга.
Исто така, треба да ги чувате подалеку од сончева светлина. Можете да ги исечете и потоа да ги „прелиете“ парчињата со малку сок од лимон, што ќе го намали нивото на pH и ќе го продолжи нивното времетраење.
Потоа, можете да ги завиткате во кујнска фолија, да ги ставите во херметички сад или кеса за чување храна и да ги ставите во фрижидер. Така ќе останат свежи уште три или четири дена.
Можете да ги ставите и во замрзнувач, но најдобро е претходно да ги излупите и исечкате. Ставете ги парчињата на плех и потоа ставете ги во замрзнувач.
Кога ќе замрзнат, префрлете ги во пластична кеса или сад. Овој чекор не е неопходен, но ќе спречи парчињата банана да се залепат.