Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам реши да ги насмее фановите на неговата сопруга споделувајќи видео на кое ја имитира како се шминка.

Имено, во видеото објавено на TikTok профилот на неговата сопруга Викторија, Дејвид ја покажува својата рутина за разубавување исто како што Викторија повремено споделува на социјалните мрежи.
На видеото може да се види Бекам како седи без кошула на крајот од својот кревет и минува со четка за шминка преку лицето. Ги објаснува и советите што ги добил од сопругата.
„Малку го користам ова, мојата сопруга вели дека ова е најдоброто осветлување за снимање. Ќе се согласам со неа, но навистина немам поим за што зборувам. Сакам да ја хидрирам кожата и да се грижам за неа, а очигледно ова е најдобриот начин да се направи тоа според советите на Викторија Бекам“, изјави Бекам многу сериозно.
@victoriabeckham Mr Beckham’s very own #VictoriaBeckhamBeauty ♬ original sound - Victoria Beckham
Толку многу ги насмеа нејзините фанови, кои со ентузијазам напишаа дека ја сакаат неговата смисла за хумор и дека Викторија може да биде среќна што се заедно. Потсетуваме дека Дејвид и Викторија се еден од ретките познати парови кои се долги години во брак. Тие се венчаа во 1999 година и заедно имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Крус и ќерката Харпер Севен.