Tрикови за зголемување на физичката сила

А.С.
/ 11.03.2023 / 12:40

Кофеинот е пријател на вежбањето – за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите.

Тренингот надвор од теретана е подеднакво важен колку и тежината што ќе ја ставите на шипка. За поголеми тежини и за подобар перформанс потребно е добро да се подготвите, а тоа може да го направите на неколку едноставни начини.

Визуелизирајте

Секој ден треба да издвоите 15 до 20 минути за опуштање и рамислување за тоа како на следниот тренинг ќе успеете да направите сѐ што сте зацртале. Потрудете се целите да ги визуелизирате детално, вклучете ги емоциите, мирисите и звуците: што појасно ја гледате замислата, толку пореално ќе ви изгледа.

Поставете цели

Поставувајте си јасни цели. Само да речете „сакам поголема физичка сила“ не е доволно специфично. Но, кревање 50 кг. од прв обид звучи доволно добро и изводливо. Потрудете се вашите цели да бидат реални и не се откажувајте.

Одберете ја вистинската музика

Одберете енергична музика што ве мотивира, направете плејлиста и пуштете ја на најгласно кога кревате тегови.

Внесете доволно кофеин

Кофеинот е одличен за тренинг, за време на кревањето тегови ќе ви ја зголеми силата, прагот на болка и издржливоста на мускулите. Идеално е да го внесете во организмот половина до еден час пред да почнете со вежбање.

Добро најадете се

За голема сила ви треба доволно енергија и протеини за мускулите, па потрудете се час-два пред тренингот да внесете доволно здрави јаглехидрати и протеини.

реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Фит

Враќање во форма: Едноставен тренинг за почетници

Read more

Што се случува во телото ако секој ден јадеме овесна каша?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Read more

Какви промени ќе забележите на телото ако почнете да вежбате со тегови?

Read more
 

Магазин

Најлошата првоаприлска шега: Кога Google направи хаос со мејловите

Читај повеќе

Шест заблуди кои ви го уништуваат сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се можните причини за вртоглавица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се 15-те најбрзи авиони во светот?

Читај повеќе

Љубовен хороскоп за април 2023 година

Читај повеќе

Како да знаете дека ви недостига витамин Ц?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стјуардеса стана интернет сензација откако ослабе 100 килограми

Читај повеќе

Зелени тестенини со печурки и свински врат

Читај повеќе

Јадењето навечер дебелее: Мит или вистина?

Читај повеќе