НБА 2021/22

Трипл-дабл на Дончиќ за победа на Далас, Леброн ги водеше Лејкерс до важна победа

Ноќеска се одиграа 12 натпревари во НБА лигата, а први ѕвезди на вечерта беа Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.

Дончиќ полека се враќа во својата препознатлива форма, предводејќи го Далас Маверикс до победа над Оклахома Сити Тандер со 104:102.

Одличниот Словенец со трипл-дабл ефект од 20 поени, 11 скокови и 12 асистенции го предводеше Далас до 25-тиот сезонски триумф.

Ова беше 41. трипл-дабл за Дончиќ во кариерата во дресот на тимот од Далас, а колку е оваа бројка имресивна говори и фактот дека останатите 349 кошаркари кои го носеле дресот на Маверикс имаат остварено вкупно 40 трипл-дабли.

Remote video URL

Голема помош имаше од Дориан Фини-Смит (17 поени и 10 скокови), Џејлен Брансон (14 поени и 8 асистенции) и Латвиецот Кристапс Порзињѓис (13 поени и 8 скокови).

Од друга страна, Шеј Гилџес-Алекзандер беше подобар од останатите со 34 поени, 6 скока и 5 асистенции.

Леброн Џејмс одигра уште еден во серијата одлични натпревари и ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 101:95 над Јута Џез, победа која го изваде тимот од Лос Анџелес од негатива и сега е со скор од 22 победи и 22 пораза.

Тој постигна 25 поени и забележа 7 скока и 7 асистенции. Расел Вестбрук додаде 15 поени со 8 скока, а Стенли Џонсон исто така додаде 15 поени.

Во редовите на Јута најефикасен беше Мајк Конли којпостигна 20 поени, додека Французинот Руди Гобер еден помалку - 19.

Резултати:

Бостон Селтикс - Њу Орлеанс Пеликанс 104:92
Њујорк Никс - Шарлот Хорнетс 87:97
Вашингтон Визардс - Филаделфија 76ерс 117:98
Кливленд Кавалирс - Бруклин Нетс 114:107
Мемфис Гризлис - Чикаго Булс 119:106
Лос Анџелес Клиперс - Индијана Пејсерс 139:133
Aталанта Хокс - Милвоки Бакс 121:114
Орландо Меџик - Портланд Треил Блејзерс 88:98
Мајами Хит - Торонто Репторс 104:99
Далас Маверикс - Оклахома Сити Тандер 104:102
Сан Антонио Спарс - Феникс Санс 107:121
Лос Анџелес Лејкерс - Јута Џез 101:95

Табела:

 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе