Останати спортови

Трипл-дабл за историја: Американска гимнастичарка изведе досега невиден потег

12. август 2019 - 20:07 | А.С.

Американската гимнастичарка Симон Бајлс за прв пат во историјата на овој спорт изведе неверојатна трипл-дабл комбинација со која ја одушеви спортската публика.

Четирикратната олимписка првенка ја изведе оваа досега невидена комбинација што досега не била направена ни во машка конкуренција.

Нејзиниот настап на Шампионатот во гимнастика на САД во Канзас Сити ги разбранува спортските кругови каде главниот коментар е дека Бајлс ги срушила родовите стереотипи во спортот и ги поместила границите на возможното во гимнастиката.

Бајлс важи за главен фаворит на Олимписките игри во Токио 2020 во женска конкуренција.

Коментирај