Кошарка

Трипл-дабл за Јокиќ, Сан Антонио ја победи Оклахома по две продолженија

11. јануари 2019 - 10:43 | А.С.

Играчите на Сан Антонио и на Оклахома синоќа одиграа одличен натпревар, а Спарс стигнаа до победа по дури две продолженија.

Ова беше 25-та победа за Спарс сезонава, колку што има и Оклахома, а до победа ги донесе Олдриџ кој постигна дури 56 поени. Кај Тандер најефикасен беше Џорџ со 30 поени.

Кошаркарите на Сан Антонио одлично шутираа тројки на овој натпревар – погодија 16 од 19 шутеви, од кои 14 во низа.

Одличен меч синоќа одигра српскиот кошаркар НИкола Јокиќ кој во победата на Денвер против Лос Анџелес Клиперс оствари трипл-дабл со 18 поени, 10 асистенции и 14 скока.

За српскиот центар ова беше 21. трипл-дабл во кариерата со што се изедначи со легендарниот Карим Абдул Џабар.

На вечната листата на центри во НБА-лигата со остварени трипл-дабл ефекти е само Вилт Џембрлен со неверојатни 78 трипл-дабл оставрувања.

Резултати:

Мајами – Бостон 115:99

Денвер – Лос Анџелес Клиперс 121:100

Сан Антонио – Оклахома Сити 154:147 по продолженија

Сакраменто – Детроит 112:102.

Источна конференција

Западна конференција

Коментирај